Црвена ѕвезда и Партизан немаат покана за настап во ВТБ-лигата
- Екипите на Црвена ѕвезда и на Партизан сепак немаат добиено покана за настап во ВТБ-лигата, пишуваат руските медиуми.
Москва, 8 јуни 2022 (МИА) – Екипите на Црвена ѕвезда и на Партизан сепак немаат добиено покана за настап во ВТБ-лигата, пишуваат руските медиуми.
ВТБ е регионална кошаркарска лига во Источна Европа во која играат клубови од Русија, Естонија, Летонија, Литванија и Украина.
Претходно српското издание „Mozzart Sport“ објави дека белградските екипи добиле понуда за влез во ВТБ-лигата, но сè уште немаат донесено одлука за ова прашање.
Црвена ѕвезда и Партизан немаат трајна лиценца за настап во Евролигата. Секоја сезона се добива по еден билет преку АБА-лигата. Годинава победник во ова натпреварување е Црвена ѕвезда. Тимот ќе има можност да игра во Евролигата во сезоната 2022/2023.
Партизан ќе учествува во елитната Евролига само во случај да добие вајлд-карта. зс/