• сабота, 18 мај 2024

ЦО на ДОМ: Одлука за граѓанска коалиција за локалните избори

ЦО на ДОМ: Одлука за граѓанска коалиција за локалните избори
Скопје, 3 јули 2021 Зелената партија ДОМ на денешната седница на Централниот одбор донесе одлука на претстојните локални избори партијата да настапи во граѓанска коалиција со партии од центарот и граѓански активисти. Подготовките за локалните избори продолжуваат со соработка со партии со сродни програмски приоритети и со граѓански активисти. Централниот одбор за шеф на Централниот изборен штаб го избра Дарко Кржовски, а за негов заменик е избран Огнен Апостолски. Граѓанските коалиции се успешен модел на креирање квалитетни локални политики, социо-економски развој и подобра иднина на граѓаните. Зелениот бран пристигнува во нашата држава, ДОМ работи заедно со граѓаните, за нивниот глас да биде чуен. Демократска обнова на Македонија __________________________________________________________________   МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан