Цистерна се извртела на автопатот Градско - Велес, сообраќајот пренасочен по стариот пат
- На автопатот Градско-Велес кај „Дади Петрол“, попладнево во 16 часот, се случила сообраќајна незгода во која се извртела цистерна, соопшти АМСМ.

Скопје, 21 јуни 2024 (МИА) - На автопатот Градско-Велес кај „Дади Петрол“, попладнево во 16 часот, се случила сообраќајна незгода во која се извртела цистерна, соопшти АМСМ.
Поради сообраќајката, сообраќајот е пренасочен и ќе се одвива по стариот пат, посочуваат од АМСМ. вг/мд/
Фото: МИА Архива