• недела, 22 декември 2024

ЦЕФТА дел од конференцијата „Преку дигитализација кон нова генерација на регионална соработка“

ЦЕФТА дел од конференцијата „Преку дигитализација кон нова генерација на регионална соработка“

Скопје, 9 Март 2023

Вишиот технички експерт за олеснување на трговските процедури, Данијела Гачевиќ, денес беше дел од конференцијата - „Преку дигитализација кон нова генерација на регионална соработка “, чиј домаќин беа Групацијата Светска банка и Царинската управа на Северна Македонија. На состанокот се собраа претставници на царинските администрации на Западен Балкан, регионални и меѓународни организации, како и специјалните гости - Кунио Микурија, генерален секретар на Светската царинска организација, Масимилијано Паолучи, директор на Светска банка , вицепремиерот Фатмир Битиќи и Фатмир Бесими, министер за финансии.

Нагласувајќи ја важноста на дигитализацијата и значењето на истата за ЦЕФТА, Данијела Гачевиќ изјави: „Можноста за размена на сите потребни податоци однапред, е значајна од неколку причини. Поконкретно, трговијата без користење на хартија генерира заштеда на целата економија во услови на забрзано движење на стоки. Исто така, употребата на електронски документи може да помогне и за подобрување на контролите, особено кога има можност податоците и документите да се разменуваат помеѓу сите агенции вклучени во процесот на царинење. Исто така, им овозможува на администрациите да се фокусираат на пратки со висок ризик и со тоа поефикасно да ги користат ресурсите со кои располагаат“

Гачевиќ ги истакна и придобивките што ги обезбедува Системот за електронска размена на податоци (SEED+) и евидентната разлика кога станува збор за размена на податоци меѓу страните на ЦЕФТА. Осврнувајќи се на подобрувањата направени во последните неколку години, таа ги потенцираше бројните предизвици кои се надминати, како и подобрувањето на архитектурата и карактеристиките на системот.

Гачевиќ ги наброја различните активности кои се преземаат во рамките на SEED+, вклучително и работата на подобрување на управувањето со ризиците во ЦЕФТА и имплементација на Стратегијата и Акциониот план за управување со ризик на ЦЕФТА. Досега е постигнат значителен напредок под закрила на SEED:

• Зелените/Сините ленти во април минатата година беа проширени за сите стоки, додека процесот на проширување со земјите-членки на ЕУ е во тек

• Во областа на царината, фокусот беше на обезбедување на непречено функционирање, одржување и поддршка на постојната инфраструктура и услуги на SEED, како и обезбедување на 24/7 режим.

• Подготовка на Одлука за воспоставување електронски систем за олеснување на заедничкото управување со ризиците за трговија со стоки.

• Воспоставување на CEFTA TRACES NT (платформа за генерирање и процесирање на санитарни, ветеринарни и фармацевтски сертификати и документи за влез), изградена врз EU TRACES NT и во согласност со практиките на ЕУ, која служи како повеќејазична онлајн платформа достапна 24/7, која ќе го поддржи процесот на сертификација и ќе ја олесни размената на

податоци, информации и документи помеѓу сите вклучени трговски страни и органи, но и со третите страни кои не се страни на ЦЕФТА.

Оваа конференција овозможи преглед на развојот на „Single Windows“ во Западен Балкан со поддршка на Светската банка и ги сподели искуства со Бугарија. Агендата на Светската царинска организација е дигитализација, транспарентност и предвидливост во трговијата со главен фокус на „Single Window“ иницијативата, стандардизирано споделување податоци и примена на аналитика на податоци, градење капацитети, координација и инвестиции.

ЦЕФТА е договор за слободна трговија, потпишан во 2006 година, кој опфаќа шест земји од Западен Балкан и Молдавија. Заедничкиот комитет е раководно тело на ЦЕФТА, формирано со Договорот и е составен од претставници на сите членки. Секретаријатот на ЦЕФТА е тело формирано со Договорот за поддршка на Заедничкиот комитет во спроведувањето на агендата на ЦЕФТА. Повеќе на: https://cefta.int/structures/.

ЦЕФТА

____________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ЦЕФТА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан