• среда, 25 декември 2024

Церемонијата на отворање на ЗОИ во Пекинг доверена на режисерот Јиму

Церемонијата на отворање на ЗОИ во Пекинг доверена на режисерот Јиму
  Пекинг, 9 јануари 2022 (МИА) – Најпознатиот кинески режисер Жанг Јиму е назначен за уметнички директор на церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) закажана за 4 февруари на стадионот „Птичје гнездо“ во Пекинг. Јиму (71) успешно го режираше отворањето на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, а сега повторно ја презема улогата уметнички директор на церемониите на отворање и затворање на Игрите, чиј домаќин идниот месец ќе биде кинеската престолнина. - Можноста по втор пат да го режирам отворањето на олимписките игри е голема чест, но и товар, бидејќи никој никогаш не бил два пати режисер. Отворањето на Игрите на 4 февруари ќе биде уште подобро од Пекинг 2008, бидејќи ќе креирам нешто ново. На отворањето на Игрите 2008 ја претставив кинеската историја и цивилизација, а денес сè е поинаку, и статусот на Кина и угледот на Кина во светот, изјави Јиму, кој најави оти нема да вклучува „голем број изведувачи“. Церемонијата на отворањето на зимската Олимпијада ќе трае 100 минути. ег/

Остани поврзан