• недела, 21 јули 2024

Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) ќе го води Младинскиот центар во Општина Куманово

Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) ќе го води Младинскиот центар во Општина Куманово
Куманово, 19 април 2023 (МИА) - Општински младински центар во наредните пет години ќе го менаџира Центарот за интеркултурен дијалог, соопштија денеска од организацијата. Младинскиот центар е сместен во просториите на поранешната месна заедница „Тоде Мендол“ во близина на основните училишта „Вук Караџиќ“ и „Наим Фрашери“.

- Подготвивме програма за наредните пет години во којашто младите ќе имаат можност да посетуваат различни тематски работилници, да реализираат еколошки активности, ќе имаат место каде еднаш неделно ќе гледаат филмови, има музичко, ликовно катче и место за друштвени игри. Но, пред сè важна ни е дружбата на сите млади д Куманово од различни етнички заедници. На ова место предвидена е и неформална едукација, изјави Ивана Стојчевска, сертифициран работник со млади од ЦИД.

Во моментов посочија од ЦИД, се планираат посети на млади од други држави кои ќе работат заедно за имплементација на различни едукативни активности. Искуствата од меѓународните средби со младите од Европа ќе помогнат за креирање на локални младинки политики кои треба да ги задоволат барањата од различни сегменти на живеењето на младите од Куманово. Програмата за работа на центарот ќе понуди системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот на заедницата преку неформално образование, обучување и подучување на млади, информирање, менторство, подучување и советување и искуствено учење кое се случува во слободно време низ учество во забавни и волонтерски активности организирани за и од млади.

Општината претходно објави оглас за избор на младинска организација која во наредните пет години треба да спроведен активности, манифестации, работилници, обуки за младите кумановци и да понуди креативни содржина, програма со која ќе се анимираат и неформално едуцираат младите. ам/дма/
 
Фото: МИА и ЦИД

Остани поврзан