Центарот Вилсон нов кошаркар на Пелистер
- Американецот Ленгстон Вилсон е најновото засилување на тимот на Пелистер, кошаркар кој ќе биде од голема помош во предизвиците во домашното првенство, како и во европското деби што ги очекува „зелено-белите“ оваа натпреварувачка сезона, објави попладнево битолскиот клуб.
Битола, 10 септември 2025 (МИА) – Американецот Ленгстон Вилсон е најновото засилување на тимот на Пелистер, кошаркар кој ќе биде од голема помош во предизвиците во домашното првенство, како и во европското деби што ги очекува „зелено-белите“ оваа натпреварувачка сезона, објави попладнево битолскиот клуб.
Вилсон, висок 210 сантиметри, настапуваше во НЦАА-лигата за универзитетите Вашингтон и Милвоки, а ланската сезона ја мина во редовите на турски Бодрумспор, со просек од 10,3 поени и 6,8 скокови по натпревар.
Со ангажманот на Ленгстон Вилсон е комплетиран и последниот странски трансфер на Пелистер летово, откако претходно беа потпишани договори и со Никола Малешевиќ, Џордан Скипер-Браун, Остин Прајс, Си-Џеј Вилсон и со Брејси Дејвис. ег
ФОТО: КК Пелистер/Фејсбук