• вторник, 25 јуни 2024

Цената на водата за пиење нема да се зголеми во Општина Карбинци

Цената на водата за пиење нема да се зголеми во Општина Карбинци

Карбинци,17 јуни 2024 (МИА) - Цената на водата за пиење во Општина Карбинци нема да се зголеми до 2025 година, децидна е директорката на ЈП „Плачковица“-Карбинци, Елена Коцева. Таа денеска изјави дека во тек е тестирањето на цевководите од Филтер станицата до населените места кои вода ќе добиваат од ХС „Злетовица“.

-Сакам да напоменам дека се уште трае регулираниот период за цената на водата 2022 -2024 година и до крајот на овој период нема да има никаква промена со цената на водата, не зависно дали се користи бунарскиот систем или системот „Злетовица“. Не се очекува промена на цената на водата останува иста како и до сега, вели Коцева.

Забележува дека низ водоводната мрежа се  намалени  и загубите на вода споредбено со претходните години, меѓутоа не се сосема отстранети. Дополнително се соочуваат и со проблеми со граѓани кои ја користат водата за пиење, но своите сметки редовно не ги плаќаат.

-Во споредба со изминатите години загубата на вода е намалена за 20 отсто, но, секако се соочуваме со загуба на вода, заради различни дефекти, неодговорност од страна на корисниците и слично, изјави  Коцева.

Таа апелира граѓаните рационално да ја користат водата за пиење. вдј/мд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан