• недела, 22 декември 2024

Целта на Законот за конфискација на имот е да се докаже дека корупцијата е неисплатлива, вели вицепремиерката Грковска

Целта на Законот за конфискација на имот е да се докаже дека корупцијата е неисплатлива, вели вицепремиерката Грковска

Скопје, 23 ноември 2023 (МИА) - Целта на Законот за конфискација на имот е да се докаже дека со санкционирањето на вакви лица, корупцијата е неисплатлива и дека имотот што го стекале на незаконски начин ќе биде одземен во законска процедура и ќе биде вратен назад на граѓаните, изјави вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.

Во вечерашното гостување на Сител телевизија, Грковска истакна дека преку овој закон, во ситуација кога нема доволно елементи за покренување на кривична постапка, во граѓанска постапка да може да се санкционираат лица кои имаат драстична разлика во она што го заработиле, од официјално пријавените приходи.

- Со ова законско решение ја надополнуваме онаа празнина кога за вакви лица, кога нема кривична постапка, нема кривично дело за кое може да се побара конфискација на незаконски стекнат имот, да побара од лицето да каже како го стекнал имотот и доколку не може да докаже, во законска процедура да му биде одземен имотот, појасни вицепремиерката.

На прашањето дали еден ваков закон може да биде употребуван за политички пресметки, Грковска истакна дека секој што на чесен начин го стекнал имотот, нема потреба да се грижи ако треба да докаже на каков начин е стекнат тој имот. 

- Во предлог законот има дефинирани предуслови, врз основа на кои треба да се покрене постапка, за Финансиската полиција да започне со процесот, а во ланецот се вклучени низа институции, појасни Грковска и истакна дека овој закон има за улога да ги детектира и санкционира големите криминали.

Во Клубот на пратеници утре ќе биде одржана јавна расправа за предлог законот за конфискација на имот во граѓанска постапка. Предвидено е обраќања да имаат вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за правда Кренар Лога и Олег Солдатов, раководител на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

По презентацијата на предлог законот и на меѓународните стандарди и компаративни искуства, ќе следи отворена дискусија за предложеното законско решение, на која стручната фела ќе има можност да ги сподели своите предлози и сугестии, соопшти владината прес-служба.ар/са/

Фото:МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан