• сабота, 18 мај 2024

Целосно локализиран пожарот кај Осинчани, хеликоптерската единица при МВР исфрли 15 тони вода

Целосно локализиран пожарот кај Осинчани, хеликоптерската единица при МВР исфрли 15 тони вода

Скопје, 15 септември 2023 (МИА) - Целосно локализиран пожарот кај Осинчани, општина Студеничани. Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР исфрли 15 тони вода, информираат од Министерството за внатрешни работи.

- Хеликоптерската единица за полициски намени при Одделот за воздухопловни единици и денеска (15.09.2023), откако заврши со  гаснење на пожарот кај Чашка, во координација со Центарот за управување со кризи, во 14.00 часот го испрати хеликоптерот Бел ер 412 во реонот на селото Осинчани. Имено, пожарот во кој биле зафатени густа нискостеблеста шума и сува трева во општина Студеничани беше пријавен околу 12.10, а во негово локализирање учествуваше и Бригадата за противпожарна заштита. Хеликоптерот Бел ер 412 од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР во повеќе налети исфрли над 15 тони вода, со што успешно и целосно  и овој пожар беше локализиран, се вели во соопштението од МВР. аа/

Фото: МВР

Остани поврзан