• четврток, 21 ноември 2024

Целосна поддршка за Гутереш од ОН по прогласувањето за персона нон грата во Израел

Целосна поддршка за Гутереш од ОН по прогласувањето за персона нон грата во Израел

Њујорк, 4 октомври 2024 (МИА) - Советот за безбедност на ОН синоќа изрази целосна поддршка за генералниот секретар Антонио Гутереш, откако израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го прогласи за "персона нон грата" во Израел.

Во официјалното соопштение на 15-члениот Совет се наведува дека „секоја одлука да не се соработува со генералниот секретар на ОН или Организацијата на Обединетите нации е контрапродуктивна, особено во контекст на зголемените тензии на Блискиот Исток".

Во соопштението не беше спомнат Израел.

Ваквите соопштенија од Советот за безбедност се усвојуваат со целосен консензус. ссм/

фото: архива

Остани поврзан