ЦДЦ: Во САД од коронавирус се заразени над шест милиони лица
- Бројот на заразени со коронавирусот во САД ја надмина бројката од шест милиони, откако Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) денеска регистрираа 32.087 нови случаи, пренесуваат б

Вашингтон, 1 септември 2020 (МИА) - Бројот на заразени со коронавирусот во САД ја надмина бројката од шест милиони, откако Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) денеска регистрираа 32.087 нови случаи, пренесуваат британските медиуми.
Вкупниот број на досега инфицирани изнесува точно 6.004.443.
Бројот на смртни случаи денеска се зголеми за 428, и во апсолутни бројки сега изнесува 183.050. сд/