• среда, 12 март 2025

Цвијановиќ: РС се залага за решавање на политичката криза исклучиво преку мирни средства

Цвијановиќ: РС се залага за решавање на политичката криза исклучиво преку мирни средства

Сараево, 11 март 2025 (МИА) – Претседателката на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ испрати „нон-пејпер“ до европските дипломати во кој се наведува дела Република Српска и нејзиното раководство се цврсто посветени на решавање на политичката криза во БиХ исклучиво преку мирни средства.

- РС целосно ги почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ според Дејтонскиот договор. Не презеде никакви дејствија спротивни на Дејтонскиот договор и не планира да се отцепи од БиХ, се наведува во писмото.

Неодамна усвоениот закон за РС, со кој се забранува работењето, како што наведе таа, на одредени неуставни институции на БиХ (Судот и Обвинителството на БиХ, Агенцијата за истрага и заштита) „е обид за верно спроведување на поделбата на јурисдикцијата, утврдена со Уставот на БиХ договорена во Дејтон“.

- РС не сака ништо повеќе од јурисдикциите на кои има уставно право. Постојаните напади врз уставните права на РС и нејзините граѓани, и од домашни и од странски елементи, се причина за политичката нестабилност што ја измачува БиХ, наведе Цвијановиќ.

Таа истакна и дека РС во целост ја поддржува улогата на ЕУФОР во одржувањето на мирот во БиХ.

Цвијановиќ во писмото посочи и дека на 1 март – Денот на независност на БиХ, во Сараево се вееле знамиња на Хамас и Хезболах, а биле нападнати и Срби вработени во институциите на БиХ, но за нападите и инцидентите немало во полициските извештаи. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан