• вторник, 05 ноември 2024

Цветковски: Подеднакво се развива секое населено место во Лозово

Цветковски: Подеднакво се развива секое населено место во Лозово

Лозово, 31 октомври 2023 (МИА) - Подеднаков развој во секое населено место, соодветна инфраструктура, опремени училишта, водоводни и канализациони мрежи, во изминатите две години е сработено во Општина Лозово, порача градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски, кој денеска заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посети неколку населени места. Цветковски порача дека она што е ветено пред граѓаните пред две години се реализира.

-Она што е важно за нас е секое населено место да биде подеднакво развиено. Согласно програмата го посетивме во Ѓоземелци каде се гради канализациона мрежа со пречистителна станица, имаме едно од најдобро опремените училишта во државата, изградени се пристапни патеки до секое училиште, а се работеше и на инфраструктурата, вели Цветковски.

Мицкоски при посетата на Лозово рече дека со мал буџет можат да се направат многу работи и затоа му честита на градоначалникот, Цветковски.  

-Со скромни услови, со мал Буџет може да се направат многу работи. Ја користам приликата да му честитам на градоначалникот. За неколку месеци од денеска ВМРО - ДПМНЕ ќе ја предводи идната Влада и еден од основните проекти ќе биде децентрализација на средства кон општините за потребите на граѓаните. Целта е да се реализираат средства кои досега не биле реализирани, биле ветувани и не биле реализирани, вели Мицкоски.

Тој додаде дека кога ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт еден од основните проекти ќе биде децентрализација на средствата кон општините, со што Општина Лозово за четири години од централната власт би добила околу еден милион евра за реализација на капитални проекти. Посетата на Мицкоски во Лозово е дел од кампањата „ ВМРО ДПМНЕ на терен со граѓаните, Важно е! Од тебе зависат промените“. вдј/дма/ 

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Остани поврзан