• недела, 22 декември 2024

Царовска: Чепкањето во Преспанскиот договор ќе ја врати земјата во изолација

Царовска: Чепкањето во Преспанскиот договор ќе ја врати земјата во изолација
Скопје, 24 јуни 2020  Лицемерно е од ВМРО-ДПМНЕ што до пред 5-6 месеци славеше зошто Македонија не добила датум за почеток на преговори со ЕУ, што лобираше да не добиеме датум за почеток на преговори, што Мицкоски беше единствениот кој не ракоплескаше на членството на земјата во НАТО, денеска да зборува за конструктивност, истакна носителката на кандидатската листа на СДСМ во изборната единица 1 Мила Царовска во дебатната емисија на Македонската радио телевизија. Лицемерието е препознаено од сите граѓани, нагласи Царовска, додавајќи дека Преспанскиот договор е иднина за државата, а најавите на ВМРО-ДПМНЕ за чепкање во него ќе ја врати државата во изолација, скарана со соседите, на маргините. Таа додаде дека на состаноците на Европските народни партии на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ не им пречи да седат зад името Република Северна Македонија, а овде зборуваат нешто сосема друго. Граѓаните се сведоци дека го отворивме патот, станавме член на НАТО, заедно сме со најсилните, сега мирот е гарантиран, ја отворивме вратата кон ЕУ, градиме држава што ќе постигне европски стандарди, порача Царовска. Центар за комуникации со јавност - СДСМ  _________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан