• понеделник, 23 декември 2024

Царовска до наставниците-ментори: Имате целосна поддршка од МОН, заеднички да направиме поквалитетно образование со новата Концепција

Царовска до наставниците-ментори: Имате целосна поддршка од МОН, заеднички да направиме поквалитетно образование со новата Концепција
Скопје, 7 септември 2021 (МИА) - Наставниците кои работат по новите програми за прво и четврто одделение се максимално посветени на спроведувањето на новата Концепција за основно образование. Ние како ментори сме им директна поддршка во имплементација на реформите, а предизвиците кои се појавуваат ги надминуваме заеднички, ја информираа наставниците-ментори, министерката за образование и наука Мила Царовска, на денешниот редовен состанок. Како што соопшти денеска МОН, менторите посочиле дека наставниците, кои минаа низ целосни обуки, без проблеми ја почнале новата учебна година и дека се задоволни што сега имаат слобода во креирање на часот. Министерката Царовска им посакала успешна работа на наставниците ментори и им посочила дека МОН е секогаш тука да им ја даде потребната поддршка со цел да се постигнат максимални резултати во нивната, но секако и работата на наставниците. -Ве охрабрувам да го дадете својот максимум во успешната реализација на наставата. Со вашето искуство Вие можете многу да им помогнете на наставниците во реализација на планираните содржини и во примената на најсоодветни активности за постигнување на резултатите од учење. Сигурна сум дека овие суштински реформи ќе резултираат со поквалитетно образование, во што ќе се увериме на следните меѓународни и национални тестирања на знаењата на учениците, рекла Царовска. МОН наставниците-ментори ги избра на јавен конкурс. Услов за да се здобијат со ова звање беше, да имаат најмалку 7 години работни искуство како наставник, да се вработени на неопределено работно време и да ги исполнува професионалните стандарди за наставник – ментор.  сст/ац/      

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан