• петок, 15 ноември 2024

Царинска управа: Спречен шверц на 50 штеки цигари купени во фри-шоп на Богородица

Царинска управа: Спречен шверц на 50 штеки цигари купени во фри-шоп на Богородица

Скопје, 13 октомври 2023 (МИА) - Спречен шверц на 50 штеки цигари што грчки државјанин ги купил на фри-шоп и без да ги пријави сакал да ги внесе во државава  преку граничниот премин „Богородица“ каде вкупната вредност на штеките цигари изнесува 85.900 денари, при што вкупните царински давачки коишто лицето сакало да ги избегне изнесуваат 60.900 денари.

-Царинските службеници штеките цигари ги открија во фабричките шуплини зад тапацирот на задните врати од возилото со кое патувал грчкиот државјанин, се наведува во соопштението од Царинска управа.

Царинска управа во рамки на своите надлежности спроведува активности за заштита на финансиските интереси на државата и сузбивање на нелегалната трговија. љм/са/

Фото: Царинска управа

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан