• четврток, 26 март 2026

Царинска управа: Континуиран раст приходите, во септември наплатени над 179 милиони евра

Царинска управа: Континуиран раст приходите, во септември наплатени над 179 милиони евра

Скопје, 1 октомври 2025 (МИА) - Царинската управа соопшти дека во октомври наплати приходи од 179,5 милиони евра, што претставува раст од 7,5 проценти или зголемување од 12,5 милиони евра во однос на истиот месец минатата година.

Притоа, најголем процентуален раст од 13,4 проценти е остварен во наплатата на приходи од царина. Наплатата на приходи од ДДВ бележи раст од 8,7 проценти, од ДМВ за 6,9 проценти, додека од акциза за 3,7 проценти.

- Создадовме систем што континуирано генерира високи приходи во Буџетот и овозможува повеќе средства за капитални проекти кои ќе генерираат одржлив економски раст. Во јули, наплатата на приходите беше зголемена за 10,5 милиони евра, во август за 14,5 милиони евра, а во септември за 12,5 милиони евра, вели директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.

Кумулативно од почетокот на годината Царинската управа наплати приходи од 1,58 милијарди евра, што е за 78 милиони евра повеќе од лани истиот период.са/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан