• сабота, 21 декември 2024

Цаноски: Апелациониот суд Скопје прави преседан за случајот „ТНТ“

Цаноски: Апелациониот суд Скопје прави преседан за случајот „ТНТ“

Скопје, 6 ноември 2023

Денеска во хотелот „Александар Палас“ се одржа прес - конференција за судскиот преседан за судбината на предметот „ТНТ“ од страна на г-дин Фијат Цаноски, сопственик на фирмата Инвеститор ТД „ФИНЕ СКОПЈЕ ДОО“.

Во своето излагање г-дин Цаноски се осврна на изминатите години во кои и покрај сите случувања кон него и неговиот бизнис, тој и натаму продолжи да вложува во оваа држава. Бизнисите на господин Цаноски беа и останаа во Република Македонија.

Објектот „КОСМОС“ се изгради повторно со нови вложувања, а г-дин Цаноски остана со верба и доверба во судството на оваа држава дека за предметот ТНТ ќе се донесе правна и праведна одлука.

Сепак, она што се случува деновиве во јавноста е тоа дека судијата известител и Претседател на советот Ѓоко Ристов место да постапи согласно одредите од ЗКП за предметот да закаже интерен термин за советување и гласање по Предметот, тој закажува нова јавна седница за 06.11.2023 година сè со една единствена цел, знаејќи дека ако таа се одржи тогаш советот ќе мора да донесе само една единствена одлука – да констатира ЗАСТАРЕНОСТ за кривично гонење спрема обвинетите и „ФИНЕ“ засекогаш да остане без својата оштета од 11 милиони евра.

За овој преседан кој излегува од границите на ЗКП на прес - конференцијата беа изнесени факти за правната процедура на предметот, намерните одлагања во постапувањето, раздолжување на предметот во жалбена постапка, непостапување со достава на предметот до Основниот кривичен суд за исправка на грешка на Пресудата која грешка некој намерно ја сторил, и не закажување на термин за советување и носење на пресуда на Советот. На медиумите поделена е правната анализа за дејствијата во овој предмет како би можеле истите вистината за „ТНТ“ да пренесат во јавноста.

Целта на прес - конференцијата беше да се укаже на она што е очигледно дека некој се обидува преку сите можни механизми да го застари предметот иако правните механизми предвидуваат само едно – закажување на интерен термин за советување и гласање на Советот кој постапува по овој предмет и донесување на Одлука со датум од 08.05.2023 година.

„ФИНЕ“ поради се денес наведено ќе поднесе кривични пријави за сите за кои се сомнева дека сториле кривично дело - злоупотреба на службена должност по член 353 од КЗ.

Што и да се случи на ден 06.11.2023 година – утре на ново закажаната Јавна Седница за „ТНТ“, ТД „ФИНЕ СКОПЈЕ ДОО“ нема да престане да ја бара правдата пред сите домашни и странски институции.

„Знаеме дека правдата е слепа. Свесни сме дека станува збор за организиран криминал со цел да застари предметот. Но, доколку тоа се случи, во што искрено не сакаме да веруваме, ние ќе се обратиме со сите институции, амбасади и надлежни институции“, истакна Фијат Цаноски, основач на „ФИНЕ ДОО“. 

ТД „ФИНЕ СКОПЈЕ ДОО“

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ФИНЕ

Остани поврзан