• вторник, 14 мај 2024

Хaланд и Санчо приоритетни цели на Солскјер

Хaланд и Санчо приоритетни цели на Солскјер
Манчестер, 9 октомври 2020 (МИА) – Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле-Гунар Солскјер сака клубот да потпише двајца играчи на Борусија Дортмунд. Напаѓачот Ерлинг Халанд и крилото Џејдон Санчо остануваат приоритетни цели на норвешкиот стручњак. И двајцата играчи се на врвот на неговата листа на желби,  пренесува „ESPN“. Иако потпретседателот на Манчестер јунајтед, Ед Вудвард не успеа да ги купи овие играчи во изминатите два преодни рока, Солскјер се надева дека ќе ги види и двајцата во неговиот тим. За Санчо на Борусија треба да се плати 120 милиони евра. Договорот на Халанд има обесштетување од 75 милиони евра, но оваа клаузула ќе се активира само во 2022 година. зс/

Остани поврзан