• понеделник, 25 ноември 2024

Хaланд доби понуда за едногодишна бесплатна храна во еден паб по голот против Шалке

Хaланд доби понуда за едногодишна бесплатна храна во еден паб по голот против Шалке
Дортмунд, 25 октомври 2020 (МИА) - Поранешниот играч на Борусија Дортмунд, Кевин Гроскројц беше задоволен од победата на „милионерите“ во рурското дерби над Шалке (3:0). После голот на напаѓачот, Ерлинг Халанд, Гроскројц напиша на Инстаграм: „Едноставно одлично момче. Можеш да јадеш бесплатно во мојот гастропаб една година, братче“. Во првите пет кола од сезоната во Бундеслигата, 20-годишниот Норвежанец постигна 7 (5 + 2) поени, односно пет гола и две асистенции. зс/

Остани поврзан