• четврток, 26 март 2026

Хутите ќе ги ограничат нападите во Црвено Море

Хутите ќе ги ограничат нападите во Црвено Море

Сана, 20 јануари 2025 (МИА) – Јеменските бунтовници Хути соопштија дека ќе ги ограничат нападите во Црвено Море само на бродови поврзани со Израел, откако вчера стапи во сила прекинот на огнот помеѓу Израел и Хамас.

Хутите вчера преку електронска пошта ги известија сопствениците на бродски компании за својата одлука.

Хутите од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас на 7 октомври 2023 година, извршија напади со проектили и беспилотни летала на околу 100 трговски бродови.

Хутите заробија и еден брод и потопија два брода, при што загинаа четворица морнари. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан