Хурцелер стана најмладиот менаџер на месецот во историјата на Премиер лигата
- Фабијан Хурцелер ја освои наградата за менаџер на месецот во Премиер лигата на самиот почеток на кариерата во Англија. 31-годишниот Германец го предводеше Брајтон до две победи и едно реми во првите три натпревари на „галебите“ против Евертон, Манчестер Јунајтед и Арсенал.
Брајтон, 13 септември 2024 (МИА) - Фабијан Хурцелер ја освои наградата за менаџер на месецот во Премиер лигата на самиот почеток на кариерата во Англија. 31-годишниот Германец го предводеше Брајтон до две победи и едно реми во првите три натпревари на „галебите“ против Евертон, Манчестер Јунајтед и Арсенал.
Со тоа, Хурцелер стана најмладиот добитник на наградата во историјата на Премиер лигата.
Германецот, кој победи во конкуренција на Микел Артета, Пеп Гвардиола и Арне Слот, по добивањето на наградата изјави дека секогаш е убаво да се освои овој трофеј бидејќи е потврда за работата која ја врши.
-Не само мојата работа, туку работата на целиот клуб, членовите на мојот штаб и играчите. Оваа награда се заработува заедно. Сега треба да ја освоиме следната, изјави Хурцелер. дс
Фото: Х/Премиер лига