• сабота, 06 декември 2025

Хуркач го пропушта Вимблдон

Хуркач го пропушта Вимблдон

Лондон, 27 јуни 2025 (МИА) - Хуберт Хуркач беше принуден да се повлече од Вимблдон откако не успеа да се опорави навреме од операцијата. Полскиот тенисер, рангиран шести во светот во август 2024 година, се лекуваше од повреда на грбот.

Хуркач (28) го пропушти и турнирот во Хертогенбош претходно во јуни, надевајќи се дека ќе се опорави навреме за Отвореното првенство на Велика Британија.

-Донесовме одлука да не играм на овогодинешниот Вимблдон. Моето тело реагираше за време на подготовките. Ова е дел од процесот на закрепнување по операцијата. Сега ми треба одмор и третман, рече Хуркач во изјава цитирана од светските агенции во петокот.

Полјакот требаше да игра против домаќинот Били Харис во првото коло на Вимблдон, кое започнува во понеделник. дс

Фото: Архива

Остани поврзан