• вторник, 14 мај 2024

Хумелс планира да се пензионира по крајот на сезоната

Хумелс планира да се пензионира по крајот на сезоната

Дортмунд, 19 март 2024 (МИА) – Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс е подготвен да се пензионира на крајот од тековната сезона, објави „Билд“.

Според германскиот весник, 35-годишниот Хумелс е свесен дека му станува се потешко да го следи темпото на модерниот фудбал. Договорот на играчот со Борусија истекува ова лето.

Хумелс игра за Борусија од 2019 година. Претходно играше за Дортмунд - од 2008 до 2016 година. Покрај тоа, тој играше и за Баерн.

Оваа сезона дефанзивецот одигра 29 натпревари, на кои постигна три гола. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан