• среда, 26 јуни 2024

Хумелс: Борусија создаде повеќе шанси од Сити, одиме на победа во реваншот

Хумелс: Борусија создаде повеќе шанси од Сити, одиме на победа во реваншот
Манчестер, 7 април 2021 (МИА) – Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс жали за пропуштена можност да се дојде до подобар резултат на првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Манчестер сити. Англичаните синоќа славеа победа со 2:1. - Останува да жалиме поради пропуштените шанси. Би било уште подобро ако одигравме 1:1, тоа ќе беше одличен резултат за реваншот. Знаеме дека треба да дадеме гол на вториот натпревар, но требаше и овде да бидеме подобри во реализацијата. Не очекува сериозен тест на возвратниот меч, рече Хумелс. Реваншот е закажан за 14 април во Дортмунд. зс/

Остани поврзан