• недела, 24 ноември 2024

Хуманитарна помош за социјално ранливи семејства во Берово

Хуманитарна помош за социјално ранливи семејства во Берово
Берово, 18 јули 2021 (МИА) - Хуманитарната организација „Свети Спас”, додели 30 пакети со производи за социјално ранливи семејства во Берово. Целта на оваа акција, како што информираа од општината, е да се  поттикне хуманоста и емпатијата во локалната заедница, но и да се помогне онаму каде што е потребно. -Не може толку лесно  да се излезе од прагот на сиромаштија, но барем за момент да направиме некого посреќен и да покажеме внимание. Хуманитарната организација „Свети Спас”,  во повеќе наврати помага на социјално ранливи категории на граѓани во Берово и е наш партнер во реализирањето на активности од областа на социјална заштита, истакнаа од Општината. Локалната самоуправа ќе продолжи да работи на унапредување на социјалната заштита на локално ниво. -Преку организирање на хуманитарни активности, преку доделување еднократна помош, јакнење на капацитетите на невработените граѓани, усовршување и доедукација,  ќе продолжиме да помагаме онаму каде е потребно, со цел социјално-загрозените граѓани да бидат конкурентни и да можат да најдат работа, додадоа од Општината. Претходно хуманитарната организација „Св.Спас" организираше уште две акции за помош на социјално-загрозените лица од Берово. вс/лв/

Остани поврзан