• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Хуманитарна изведба на претставата „Гласови“ од театар „Чекори“ на Светскиот ден на театарот

Хуманитарна изведба на претставата „Гласови“ од театар „Чекори“ на Светскиот ден на театарот

Скопје, 27 март 2025 (МИА) - По повод Светскиот ден на театарот - 27 Март, театар „Чекори“ ќе ја изведе претставата „Гласови“ во Домот на култура „Димитар Влахов“ во Скопје.  Настанот ќе биде од хуманитарен карактер, а собраните средствата ќе бидат донирани во фондот за помош на настраданите и повредените oд Кочани.

Како што информираат од театар „Чекори“, влезот за претставата е бесплатен, но ќе биде поставена кутија за донации, каде што секој што сака, може да придонесе според своите можности.

Режисер на претставата е Маја Ѓурчевска, а актерската екипа ја сочинуваат Марко Џамбазоски и Никола Димевски. Тон и светло мајстор е Рој Стефанова.

Пораки за Светскиот ден на театарот ќе читаат Никола Кузманоски, Зорица Станковска и Михаил Митески.бт/мд/

Фото: Постер

Остани поврзан