• недела, 22 декември 2024

Хуан Мата може да го напушти Манчестер јунајтед во зимскиот преоден рок

Хуан Мата може да го напушти Манчестер јунајтед во зимскиот преоден рок
Манчестер, 27 септември 2021 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Хуан Мата, може да го напушти клубот во текот на зимскиот преоден рок, пренесува „Manchester Evening News“. Триесет и тригодишниот фудбалер е незадоволен од својата позиција во тимот. Мата размислува да го напушти Манчестер јунајтед во јануари доколку ситуацијата не се промени. Неговиот договор со клубот важи до летото 2022 година. Оваа сезона Мата има само 62 минути во англискиот Лига куп. Во англиското првенство, фудбалерот не се појави на теренот. зс/

Остани поврзан