• петок, 22 ноември 2024

Хронологија на руско-украинскиот конфликт од вчерашниот ден

Хронологија на руско-украинскиот конфликт од вчерашниот ден
Хронолошки подредени случувањата поврзани со руско-украинскиот конфликт од вчерашниот ден
  • Украинскиот министер за надворешни работи соопшти дека Киев бил под „ужасни“ руски напади во текот на ноќта
  • Граничен пункт во Запорожје погоден од ракета, има и жртви, соопштено е и уривање на непријателски авион во Киев
  • „Украинска правда“: Руски тенкови упатени кон Киев, мост дигнат во воздух за да се запре рускиот конвој
  • Во Лавов сирени за предупредување од воздушен напад
  • Министрите за надворешни работи на ЕУ на итни разговори
  • Зеленски: Ние сами си ја браниме државата, најмоќните сили во светот гледаат оддалеку
  • Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко: Најтешкиот ден ќе биде денешниот. Планот на непријателот е да се пробие со колони тенкови од Иванков и Чернигов до Киев
  • Советот за безбедност на ОН ќе гласа резолуција со која се осудува Русија
  • Меѓународниот кривичен суд може да истражи евентуални воени злосторства по рускиот напад врз Украина
  • Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас: Нападот на Путин врз Украина е варварски и неоправдан
  • Околу 800 загинати руски војници од почетокот на воените дејствија, според украинското Министерство за одбрана, јави Си-Ен-Ен
  • Украинска армија: Има борби со руските сили во непосредна близина на Киев
  • Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан: Путин сака да ја симне Украина од картата на нациите
  • „Шпигел“: Германија планира да испрати војници во источното крило на НАТО
  • Британскиот министер за одбрана, Бен Валас: Русија има намера да ја окупира цела Украина
  • Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер: Сакаме да ја изолираме Русија финансиски
  • Портпаролот на руското Министерство за одбрана: Русија ќе распореди падобранска единица за заштита на Чернобил
  • Макрон го осудува „двојството“ на Путин, но сака да го одржи дијалогот
  • Ле Дриан: Путин мора да разбере дека НАТО е исто така нуклеарен сојуз
  • Украина соопшти за зголемено ниво на радијација од Чернобил
  • Руски трупи влегоа во Киев, тврди украинското Министерство за одбрана
  • Русија забрани британски авиони да влегуваат во нејзиниот воздушен простор, откако рускиот превозник „Аерофлот“ беше спречен да лета над Велика Британија, по нападот врз Украина
  • Зеленски ја повика ЕУ да воведе построги санкции кон Русија
  • Оружени престрелки во Киев
  • Украинските одбранбени сили ги повикаа сите цивили да се приклучат во одбрана, независно возраста
  • Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто: Унгарија ќе отвори хуманитарен коридор за граѓаните од трети земји кои бегаат од Украина
  • Припадници на француската елитна жандармерија испратени во Киев за да ја заштитат француската амбасада
  • Меркел: Оваа агресивна војна на Русија означува длабока пресвртница во историјата на Европа, по завршувањето на Студената војна
  • Украина: Русија го напаѓа Киев од белорускиот аеродром Гомел
  • Лавров: Сакаме да ги ослободиме Украинците од угнетување на нацизмот
  • Русија подготви цел пакет санкции против земјите кои воведоа рестриктивни мерки кон Москва, а Западот ќе ги почувствува, изјави претседателката на Горниот дом на рускиот парламент, Советот на федерацијата, Валентина Матвијенко
  • Проценки на СИПРИ: Не се очекува Путин да ги реализира заканите за употреба на нуклеарниот арсенал во Украина
  • Шарл Мишел: ЕУ подготвува нов бран санкции против Русија
  • Лавров: Русија подготвена на преговори веднаш штом украинските сили го положат оружјето
  • Песков: Путин подготвен да испраати делегација во Минска на преговори со Украина
  • Кличко: Киев влезе во фаза на одбрана
  • ЕУ подготви жесток одговор- остри директни санкции за Путин и Лавров
  • Ердоган: НАТО треба да биде порешителен во однос на Украина
  • Украинците и денеска бегаат од Киев, во чии предградија се водат борби
  • Путин ги повика украинските војници да ја земат власта од „наркоманите и неонацистите“ во Киев
  • Киев: Од почетокот на инвазијата Русија „изгуби“ 2.800 војници
  • Советот на Европа ја суспендира Русија од своите редови
  • Борел со порака до Русите: Путин не е рускиот народ
  • Амбасадата на САД во Киев повторно ги повика Американците под итно да ја напуштат Украина
  • Кулеба: Во Хаг ќе испратиме податоци за руски воени злосторства
  •  Во Киев се слушнаа нови експлозии, а градоначалникот предупреди на „заканувачка“ ситуација
  •  Украина соопшти дека 18.000 митралези се поделени на доброволци
  • ЕУ воведе санкции за рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
  • НАТО соопшти дека распоредува уште илјадници војници во Источна Европа.
  • На мажите на возраст од 18 до 60 години, кои би можеле да бидат регрутирани, сега им е забрането да ја преминат границата
  • Се проценува дека повеќе од 100.000 веќе ги напуштиле своите домови.
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан