Христо Петрески на 17. Меѓународен книжевен фестивал во Нови Сад
- Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Христо Петрески ќе учествува на 17.Меѓународен книжевен фестивал, што ќе се одржува од денеска до 7 септември во Нови Сад.
Скопје, 5 септември 2022 (МИА) - Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Христо Петрески ќе учествува на 17.Меѓународен книжевен фестивал, што ќе се одржува од денеска до 7 септември во Нови Сад.
Петрески ќе настапи како поет, а ќе земе учество и на симпозиумот Книжевноста и насилството на тема „Зборот и ништото“ заедно со писатели од Шпанија, Англија, Луксембург, Германија, Црна Гора и Србија.
Христо Петрески, како претседател на ДПМ, ќе учествува и на свеченостите на 7 и 8 септември - по повод независноста на Северна Македонија, што ќе се одржат во Нови Сад и во Белград. лв/мд/