• петок, 22 ноември 2024

Христодулидис: Втората хуманитарна помош од Кипар во текот на денот ќе пристигне во Газа

Христодулидис: Втората хуманитарна помош од Кипар во текот на денот ќе пристигне во Газа

Никозија, 1 април 2024 (МИА) –Кипарскиот претседател Никос Христодулидис изјави дека во текот на денот се очекува во Газа да пристигне втората пратка хуманитарна помош што во саботата попладне тргна од пристаништето во Ларнака,  јави дописничката на МИА од Атина.

Христодулидис паралелно истакна дека веќе се подготвуваат за испраќање на трета помопш за Газа и се во контакт со „американската влада во врска со подготовките за завршување на работата на пристаништето, што во голема мера ќе ја зголеми испораката на хуманитарна помош од Ларнака до Газа“.

Во саботата попладне бродот „Џенифер“ со хуманитарна помош од 332 тони, во придружба на уште два помошни брода, од кои еден пренесува кран, а другиот специјална платформа, отпловија од Кипар за Газа, што воедно беше втора помош по морски пат во рамките на иницијативата „Амалтиа“ во која се вклучени неколку земји и Европската Унија. ср/сд/

Фото: Министерство за надворешни работи на Кипар

Остани поврзан