• среда, 18 декември 2024

Хрватски дипломат прогласен за персона нон грата во Србија

Хрватски дипломат прогласен за персона нон грата во Србија

Белград, 20 ноември 2023 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Србија денеска го прогласи за персона нон грата првиот секретар во Амбасадата на Република Хрватска во Белград, Хрвоје Шнајдер.

„За време на неговиот професионален ангажман во Република Србија, Шнајдер грубо излезе од опсегот на дипломатските норми и го прекрши член 9 од Виенската конвенција, со кој се уредуваат дипломатско-конзуларните односи. По тој повод, до амбасадорот на Република Хрватска, Хидает Бишчевиќ, била доставена дипломатска нота“, соопшти српското МНР.

Министерството за надворешни работи на Србија изразува жалење за однесувањето на тој дипломат во изминатиот период, „кое не придонесува за подобрување на билатералните односи меѓу Република Србија и Република Хрватска, добрососедската соработка и севкупното подигнување на нивото на мир и стабилност во регионот“. зш/

 

Остани поврзан