• четврток, 11 април 2024

Хрватски брендови: Гастрономија во функција на здравје и Даруварски парови „6-ти елемент“ како туристичка понуда

Хрватски брендови: Гастрономија во функција на здравје и Даруварски парови „6-ти елемент“ како туристичка понуда

Дарувар, 3 декември 2023 (МИА) - Хрватска е туристичка сила во регионот и во Европа. Покрај Јадранското Море и Далмација, Истра, Славонија, Горски котар, Загорје..., богата е и со човечки потенцијал кој промислено ја промовира својата туристичка дестинација. И кога сето тоа се поврзе доаѓаме до разновидни начини на туристичко брендирање на Хрватска на повеќе дестинации и во разни области, како што е и Гастрономијата во функција на здравјето, спортот и хедонизмот.

Дарувар е град во Славонија во кој владее елементот вода, познат е по своите термални извори кои се имплементирани во здравствениот (бањски) туризам, тоа е град на врвни вина и многу стари „крафт“ пива, кои рестораните на Дарувар ги нудат како 5-ти елементи.

Проектот „6-ти елементи“ го спроведе Туристичката организација на Дарувар-Папук во соработка со најголемата хрватска база на ресторани и рецепти „Гастронаут“. Околу проектот се собраа сите угостители на Дарувар и ги креираа своите гастрономски интерпретации на темите: Јадења кои го зајакнуваат имунитетот, Јадења за спортисти и Даруварски парови.

На заедничкото мени на „6-ти елементи“ - Јадења кои го зајакнуваат имунитетот, секој од угостителите на Дарувар понуди барем по едно јадење кое ги „брка“ вирусите, врз основа на некои од состојките кои го зајакнуваат природниот имунитет - жалфија, лук, ѓумбир, лута пиперка, куркума, рен, мед.

Во Дарувар се наоѓаат и двете најстари стебла на Гинко во Европа и Хрватска, именувани како Адам и Ева, од чии плодови се прави вкусен и за здравјето сетилно интересен чај.

Бидејќи голем број спортисти доаѓаат во Дарувар на опоравување и тренирање, меѓу кои и од Северна Македонија, рестораните во Дарувар нудат специјална понуда на јадења со висока содржина на протеини, чии нутритивни вредности се во согласност со потребите на спортистие кои тренираат.

Под менито за Даруварски парови „6-ти елементи“ се комбинираа јадења со состојки од околината на Дарувар со вековно специфичните крафт пива „Пети елемент“ и „Старочешко“ или со даруварските вина и природна лимонада и домашен јогурт и кисело млеко од биково млеко.

Дарувар е и град на синергија на хрватската и чешката култура, што се одразува и во понудата на индивидуални ресторани.

За време на гастрономското патување по Дарувар, на кое беа поканети новинари од 6 држави меѓу кои и нас од Северна Македонија, посетивме 7 Даруварски ресторани, ги вкусиме нивните тематски јадења и уживаме во лековитите термални води на бањата „Даруварски топлици“.

Бидејќи однапред ни беа испратени менијата со детална содржина со јадењата кои го зајакнуваат имунитетот, за јадењата за спортистите и за даруварските парови, со изборот на крафт пива, вина, чаеви, сокови, јогурти и кисела млека, мед и други посластици, како и термини за велнес, базени со термални води (внатрешни и надворешни) во спа хотелот „Термал“ во Даруварските топлици, индивидуални разговори со физиотерапевти и третмани од својата најнова понуда, ние од ова изобилство на „дегустација“ и приказни акцентот го ставивме на јадењата за јакнење на имунитетот и на здравствениот туризам.

Нашата приказна и „дегустација“ на јадењата за јакнење на имунитетото ја почнавме во ресторанот Таверна во Даруварски топлици, под името Кардиоваскуларно мени.

Почнавме со крем супа од леќа и морков, главното јадење беше полнето валано пилешко филе со крем од урда и емулзија од лук; моркови и грашок на крем од пченка; салата од крушка, фета сирење и ореви со прелив со маслиново масло, мед и балсамико. Како десерт имаше торта со темно чоколадо, лешник и бадем.

- Кардиоваскуларното мени го избравме за да на конзументите им понудиме намирници кои можат да помогнат во стабилизација доколку лицето има кардиоваскуларни проблеми. Намерно одевме со намирниците, така крем супата е богата со јаглехидрати, главното јадење е богато со протеини без икакви маснотии, бидејки маснотиите ги зголемуваат триглецирините и лошиот холестерол. Салатата е со фета сир, кој е солен но богат со казеин и со спојот на овошје даваат гастро вкус и е здраво. Десертот е богат со танини и други елементи кои поволно влијаат на целиот кардиоваскуларен состав. Неможеме да излечиме, но можеме да спречиме, изјави Драган Занзибара м-р по нутриционизам и директор за храна и пијалоци во Даруварски топлици.

Тој ден и наредните два дена посетивме и други ресторани со 3 понуди од 6-тиот елемент на Дарувар, па така во ресторанот Срце, од јадењата за имунитет дегустиравме лут фиш (рибен) паприкаш, во х.Тераса вечеравме крем супа од спанаќ, тестенини без глутен со филе од пилешки гради, домат и свеж црвен пипер, ладна салата од брокула со лимон и лук.

Следниот ден во Ориент, чиј сопственик е со потекло од Тетово појадувавме домашен јогурт од млеко од бик помешано со мед од липа. Продолживме со дегустацијата, за посилен доручек или маренда во фаст фуд Black&White со фитнес салата со пилешко и агруми - матовилац, рукола, зелена салата, бебешки спанаќ, сезонско овошје и агруми, домашен прелив, балсамико сос и препечени лешници, храна која ја препорачуваме и за спортистите. За ручек во ресторанот Queen имамвме пилешки вок со зеленчук, ѓумбир и чили, бавно печено филе во крем од ѓумбир и сос од остриги, со прилог од ориз и даруварски совињон.

По пауза и пиењето чај од Гинко и топла вода мала пауза имаве во Даруварски топлици каде не чекаа лекарите кои не упатуваа кај физиотерапевтите на секаков вид на терапии и потоа во топла бањска вода во затворениот или отврениот дел на Даруварски топлици. Ние лично според здравствената состојба бевме упатени на некоја нова терапија, се вика Мајланд терапија, според која преку разговор за здравствената состојба и наменски вежби, веднаш ни беше лоцирана болката во грбот и ни беа дадени упатства за каккви вежби да правиме дома. Бевме и на кинези терапија, преку масажа ни залепија „специјални ленти“ на точно определени места на телото каде имавме болки, кои функционираат фантастично.

Но да се вратиме на „дегустацијата“. Во рамки на презентацијата во Дарувар бевме и во пабот Мала Италија каде на менито за имунитет беше бавно печено филе во жалфија ала Мастершеф, а вечеравме во ресторанот Тераса, каде се подготвуват и чешки специјалитети. Ние пробавме крем супа од спанаќ, тестенини без глутен со филе од пилешки гради, домат и свеж црвен пипер и ладна салата од брокула со лимон и лук.

Секако дека менито за спортитсти и за паровите во сите наведени ресторани и пабови беше многу „помасно“ со изобилство на избор на вкусови и производи.

Оливер Бранковиќ

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан