• вторник, 10 март 2026

Хрватска: Тројца мигранти се удавија во Сава кај Славонски Брод

Хрватска: Тројца мигранти се удавија во Сава кај Славонски Брод

Загреб, 11 декември 2025 (МИА) - Тројца мигранти загинаа рано утринава откако нивниот чамец се превртел во реката Сава кај хрватскиот град Славонски Брод. Граѓанин на Босна и Херцеговина, осомничен за трговија со мигранти, исто така е хоспитализиран и е под полициски надзор.

Командирот на градската противпожарна служба, Иван Вулета, за хрватската агенција Хина изјави дека во 5:38 часот е добиена пријава од екипа на Брза помош за превртен чамец и повредени лица. На местото биле испратени две противпожарни возила и чамец. Утврдено е дека во чамецот имало 11 мигранти, од кои осум се извлечени живи. Спасените биле пренесени со амбулантни возила во болницата „Јосип Бенчиќ“ во Славонски Брод.

Според други информации, како што пренесува ХРТ, во чамецот имало 13 лица, при што едно починало веднаш, а едно подоцна во болница.

Сите мигранти се возрасни. ссм/сд/

фото: принтскрин ХРТ

 

Остани поврзан