• четврток, 04 декември 2025

Хрватска зафатена од снежно невреме

Хрватска зафатена од снежно невреме

Загреб, 22 ноември 2025 (МИА) – Во поголемиот дел од Хрватска денеска паѓа снег, пораби што се затворени повеќе магистрални и регионални патишта, а во регионот на Риека прогласен е црвен метеоаларм.

Поради снегот патиштата се влажни и лизгави, а поради ниските температури можна е појава на голомразица.

На Јадранската магистрали и другите патишта издадено е предупредување од евентуални одрони.

Снег паѓа во Горски Котор, во централна и северозападна Хрватска, Славонија и во Далматинска Загора.

Поради лоши временски услови во прекин е и поморскиот сообраќај. ми/

фото: Икс

Остани поврзан