• петок, 05 декември 2025

Хрватската режисерка Франа Марија Вулиќ Вранковиќ со драмски работилници гостува во Скопје

Хрватската режисерка Франа Марија Вулиќ Вранковиќ со драмски работилници гостува во Скопје

Скопје, 22 септември 2025 (МИА) – Хрватската режисерка Франа Марија Вулиќ Вранковиќ од денеска започнува со гостински драмски работилници во салонот на  Галерија „КО-РА“ во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје, во рамки на проект на Заедницата на Хрватите на Република Северна Македонија поддржан од Централната канцеларија за Хрватите надвор од Република Хрватска. 

Драмската  работилница, како што информираат, е наменета за ученици кои изучуваат настава по хрватски јазик, а ќе продолжи и во текот на неделата. На денешната работилница била вклучена и македонската драмска глумица Изабела Новотни.

Франа Вулиќ е режисер на преку 40 претстави, од кои поголем дел се претстави за деца, игроскази. По професоналните ангажмнани  и искуства во драмските театри, ангажирана е во Центарот за култура „Трешњевка“, а учествува и на повеќе фестивали по драмска педагија во земјата и надвор. аа/вј/

Фото: Дом на култура „Кочо Рацин“

Остани поврзан