• вторник, 19 мај 2026

Хоџа до граѓанските организации: Да работиме заедно за вистински зелен пресврт

Хоџа до граѓанските организации: Да работиме заедно за вистински зелен пресврт

Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Заедничкиот системски одговор е единствениот пат кон долгорочно зачувување на природните ресурси - истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа на националната конференција за природа.

Тој, како што соопшти ресорното Министерство, на граѓанските организации им порачал „да работиме заедно за вистински зелен пресврт“ нагласувајќи ја важноста на партнерството меѓу институциите и граѓанскиот сектор.

Во своето обраќање Хоџа ставил фокус на новиот закон за природа, кој овој месец се објавува на ЕНЕР, и упатил повик до сите организации активно да учествуваат во јавната расправа. Според него, потребно е знаењето од терен за да се создаде систем што трајно ќе ги штити природните вредности и биодиверзитетот.

- Министерот истакна дека се работи на повеќе фронтови за заштита на природата. Се усогласуваат законите со ЕУ-директивите за живеалишта и птици. Се развива мрежата „Натура 2000“ и се прогласуваат нови заштитени подрачја. Во подготовка е новата стратегија за биодиверзитет, а преку BIOFIN се работи на стабилно финансирање. Паралелно, се воспоставува регионален систем за отпад, кој ќе стави крај на дивите депонии во природа. Целта е јасна - одржлив траен систем, не привремени решенија - стои во информацијата на Министерството. сс/дма/

Фото: МЖСПП

Остани поврзан