• понеделник, 23 декември 2024

Хојс: Словенија преговара за мешовите полициски патроли на границата со Хрватска

Хојс: Словенија преговара за мешовите полициски патроли на границата со Хрватска
Љубљана, 18 март 2021 (МИА) - Словенија ги води завршни преговори со Италија, Австрија и Унгарија за договор според кој полицајци од тие земји ќе бидат вклучени во пограничните патроли на словенечката полиција на границата со Хрватска, изјави министерот за внатрешни работи Алеш Хојс за Словенечката телевизија. Според Хојс, мешовитете полициски патроли се поради очекувањето дека ќе се интензивира илегалната миграција кон Словенија и шенген зоната, како и поради спротивставувањето на словенечката опозиција да прифати законски предлог според кој границата со Хрватска може да бидат надгледувани од припадници на армијата. - Левите политички партии беа против нашата словенечка граница да ја чуваат припадници на словенечката армија, сега тие веројатно ќе бидат задоволни кога странски полицајци ќе бидат таму, истакна Хојс во интервју, додавајќи дека хрватската полиција не се разгледува во овие мешани патроли затоа што Хрватска има доволно работа со контролирање на границите со БиХ и со Србија. Тој додаде дека во тек е тендер за набавка и инсталирање на дополнителни 60 километри жичана ограда на границата со Хрватска и дека се подготвува нов проект за воспоставување на граничен видео надзор, со инсталирање оптички кабли. ми/

Остани поврзан