Хоспитализиран српскиот министер за јавни инвестиции
- Српскиот министер за јавни инвестиции и претседател на Извршниот комитет на Српската напредна партија (СНС) Дарко Глишиќ, претпладнево е донесен во Ургентниот центар во Белград во исклучително тешка состојба откако му се слошило за време на гостувањето на белградска телевизија.
Белград, 5 август 2025 (МИА) - Српскиот министер за јавни инвестиции и претседател на Извршниот комитет на Српската напредна партија, Дарко Глишиќ, претпладнево е донесен во Ургентниот центар во Белград во исклучително тешка состојба откако му се слошило за време на гостувањето на белградска телевизија.
„Се прави дијагностика. Дел од дијагностиката е завршена, вклучена е и терапијата. Станува збор за исклучително сериозна состојба. Она што медицината го знае, ќе се направи“, изјави министерот за здравство Златибор Лон
Српскиот претседател Александар Вучиќ му е кум на Глишиќ.
„Се надеваме на успех на терапијата и третманот што се презема, но факт е дека тој е во исклучително тешка состојба“, рече Лончар.
Дел од белградските медиуми јавија дека Глишиќ имал мозчен удар. зш/
фото Википедија