• понеделник, 01 јули 2024

Хоспитализирани четири лица од Тиквешко, позитивни на Ковид-19

Хоспитализирани четири лица од Тиквешко, позитивни на Ковид-19
Неготино, 11 ноември 2020 (МИА) - Четири лица позитивни на коронавирус од Тиквешко се хоспитализирани, од кои три од Неготино и едно од Кавадарци. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.
Јовановски додаде дека во последните 24 часа во Тиквешијата регистрирани се нови 52 случаи позитивни на коронавирус. Од нив, 25 од Кавадарци, 23 од Неготино, по два случаја во Росоман и во Демир Капија. Јовановски посочи дека новозаболените се на возраст од 17 до 72 години.
Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолираат.свд/фф/

Остани поврзан