• понеделник, 23 декември 2024

Хорнер: Сингапур е една од најтешките трки за Ред Бул

Хорнер: Сингапур е една од најтешките трки за Ред Бул

Сингапур, 16 септември 2023 (МИА) - Директорот на Формула 1 тимот Ред Бул, Кристијан Хорнер, зборуваше за главните проблеми на болидот на урбаната тркачка патека „Марина Беј“ во Сингапур.

 

- Оваа патека ќе биде една од најтешките за нас оваа сезона. Перформансите на болидот не се совпаѓаат со неговите силни страни и мислам дека треба да бидеме максимални за да го одржиме овој победнички моментум. Можете да видите дека Ферари изгледа силно, Мекларен и Мерцедес исто така, па овој викенд може да биде многу тежок за нас. Не привлекуваат главно од големите брзини, но и комбинираните вртења или комбинирани влегувања. Градските трки и свиоците од 90 степени што ги видовме во Монако и Азербејџан претходно оваа година, беа голем тест за нас, изјави Хорнер за „Sky Sports“.

 

По 14 кола, Ред Бул води во поредокот на конструктори со 583 бода. Оваа сезона австрискиот тим победи на сите претходни трки.

 

За денес се предвидени квалификациите, а главната трка за Големата награда на Сингапур ќе се вози утре од 14 часот. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан