• понеделник, 10 ноември 2025

Хорват и Штрлек ја прифатија поканата да играат во Скопје на ракометниот спектакл „Легендите на сцена“

Хорват и Штрлек ја прифатија поканата да играат во Скопје на ракометниот спектакл „Легендите на сцена“

Скопје, 14 октомври 2025 (МИА) - Големиот ракометен спектакл „Легендите на сцена“ кој на 29 октомври ќе се одржи во Скопје, а е дел од прославата на 20-годишнината на Спортско радио 90,3 ФМ, ќе биде несекојдневна можност на едно место да се видат големите македонските и интернационални ракометни ѕвезди.

Денес поканата за настап ја прифатија големите ѕвезди на хрватскиот и европски ракомет, Златко Хорват и Мануел Штрлек. 

Претходно своето учество го потврдија: Иван Чупиќ, Ренато Вугринец, Данил Шишкарев, Арпад Штербик, Тимур Дибиров, Жоао Кањелас, Игор Вори и многу други.

Овој ракометен спектакл ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански“ на 29 октомври со почеток во 19 часот. Билетите за настанот се пуштени во продажба онлајн преку ticketx.com.mk.и на билетарата на СЦ Јане Сандански. зс/

Фото: Спортско радио

Остани поврзан