Хонгконг: Спасени 190 лица по дефект на панорамското тркало
- Најмалку 190 лица беа спасени откако во денеска во Хонгконг се расипа панорамското тркало.
Хонконг, 5 декември 2024 (МИА) - Најмалку 190 лица беа спасени откако во денеска во Хонгконг се расипа панорамското тркало.
Инцидентот се случил околу 17 часот на тркалото во областа Централ Харборфронт, потврди јавниот радиодифузен сервис RTHK.
- Сите лица се спасени и областа е исчистена. Во моментот нема никој во близина. Сите се безбедни. Сè уште не ја знаеме причината за дефектот,“ изјави портпаролката на компанијата што управува со тркалото.
Watch This | Passengers trapped after Hong Kong Observation Wheel experiences malfunction
— DotDotNews (@dotdotnews111) December 5, 2024
(有片)突發!中環摩天輪疑故障 乘客被困https://t.co/FbnoJKRSg8 pic.twitter.com/T3Y17hmK8t
Панорамското тркало „Hong Kong Observation Wheel“ е високо 60 метри и има 42 гондоли, вклучувајќи и една ВИП гондола со кожни седишта и стаклен под. Сите гондоли се климатизирани и опремени со комуникациски системи. ссм/
фото: принтскрин