• недела, 18 мај 2025

Хоман: Во првите три месеци од мандатот на Трамп регистрирано нагло намалување на нелегалните преминувања

Хоман: Во првите три месеци од мандатот на Трамп регистрирано нагло намалување на нелегалните преминувања

Вашингтон, 28 април 2025 (МИА) - Извршниот помошник директор во Белата куќа за спроведување закони и операции за отстранување мигранти, Том Хоман денеска изјави дека во текот на првите три месеци од мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп, имало нагло намалување на нелегалните преминувања на границата.

Како што беше објавено на прес-конференцијата во Белата куќа, американската гранична патрола уапсила 7.200 мигранти кои нелегално ја преминале границата на САД во март, што е најнискиот месечен број од 2000 година и значително помалку од врвот во декември 2023 година, кога 250.000 мигранти беа уапсени при обид нелегално да ја преминат границата.

„Имаме најбезбедна граница во историјата на оваа нација и бројките го докажуваат тоа“, рече Хоман. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан