• петок, 22 ноември 2024

Холивуд: Правилник за љубовни сцени при пандемијата на Ковид-19

Холивуд: Правилник за љубовни сцени при пандемијата на Ковид-19
Лос Анџелес, 10 јуни 2020 (МИА) - Холивуд се подготвува за снимањето филмови кое би продолжило по 12 јуни. Поради тоа, издаден е и нов „Правилник“ од 22 страници за во услови на пандемија на коронавирус, која сѐ уште трае. Во него има посебен дел за љубовно-сексуалните сцени... Имено, тие ќе бидат избегнати или ќе се прават со помош на монтажа, анимации и специјални ефекти. Исто така, глумците и екипата кои работат на филмот ќе треба да бидат тестирани на коронавирус, да го почитуваат физичкото растојание и да поседуваат лична заштитна  опрема. Присуство на публика за време на снимањето е забрането. Аудициите за актери, пак, ќе се одвиваат преку заштитно стакло. си/гт/

Остани поврзан