• понеделник, 23 декември 2024

Холивуд гласа за штрајк викендов

Холивуд гласа за штрајк викендов
Лос Анџелес, 5 октомври 2021 (МИА) - На филмската и телевизиската продукција во Северна Америка ѝ се заканува прекин, откако официјални претставници „од зад сцената“ едногласно гласаа за штрајк. Ова е првпат во нивната 128-годишна историја. Меѓународната алијанса на филмски работници соопшти дека скоро 99 отсто од нејзините регистрирани членови кои учествуваа во гласањето (52.706) гласаа за штрајк викендов. Проблемот е стагнацијата во потпишувањето нови договори околу барањата за поприфатливи услови за работа за квалификуваните лица - техничари и работници вработени во стрим-компании, како Нетфликс, Епл и Амазон. Вработените бараат подобра плата, разумни паузи меѓу снимањата, безбедни работни услови и гарантирани оброци. - Се надевам дека студијата ќе ги препознаат барањата на нашите членови и ќе ги разберат, изјави претседателот на Алијансата, Метју Леб. - Топката е во нивниот двор. Ако сакаат да избегнат штрајк, тие ќе се вратат на преговарачката маса и ќе ни понудат прифатливи услови. Преговорите, инаку, беа прекинати на 20 септември. Лоеб рече дека неговата цел е да постигне договор, а не да се расправа. - Гласањето е за поквалитетен живот, за здравјето и безбедноста на луѓето што работат во филмската и телевизиската индустрија, нагласи тој. Многу познати имиња од Холивуд јавно ја изразија својата поддршка за барањата на своите колеги.  си/

Остани поврзан