• понеделник, 23 декември 2024

Холандскиот премиер Руте гледа напредок во планот за искористување на средствата од замрзнатите руски активи

Холандскиот премиер Руте гледа напредок во планот за искористување на средствата од замрзнатите руски активи

Хаг, 22 март 2024 (МИА) - Земјите од Европската унија се повеќе се обединуваат кога станува збор за користењето на средствата од замрзнатите руски активи во врска со војната во Украина. Мојот впечаток е дека постепено постигнуваме консензус, рече холандскиот премиер во заминување Марк Руте на крајот од првиот ден од европскиот самит, јавија холандските медиуми.

Тој рече дека било договорено Европската комисија дополнително да го развие планот и важно било да може да се направи овој чекор сега.

Според него, од стотиците милијарди евра замрзнати руски средства во ЕУ, годишно може да се извлечат околу три до милијарди евра.

Овие средства наскоро ќе треба да се користат во голема мера за воена помош за Украина. Но, со тоа сè уште не се согласуваат сите 27 земји-членки. Австрија и Унгарија, меѓу другите, посочија дека имаат потешкотии да го сторат тоа. Извор близок до унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја воопшто не сака да учествува во планот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан