Холандија ќе и обезбеди на Украина ракетен систем „Хоук во вредност од 150 милиони евра
- Украина ќе добие систем за противвоздушна одбрана за пресретнување на дронови и крстосувачки ракети од Холандија. Ракетниот систем „Хоук“, кој чини 150 милиони евра, би можел да ги надополни понапредните системи „Патриот“. На Украина итно и требаат ракети земја-воздух и го побара системот „Хоук“, изјави холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс.

Хаг, 11 aприл 2025 (МИА) - Украина ќе добие систем за противвоздушна одбрана за пресретнување на дронови и крстосувачки ракети од Холандија. Ракетниот систем „Хоук“, кој чини 150 милиони евра, би можел да ги надополни понапредните системи „Патриот“. На Украина итно и требаат ракети земја-воздух и го побара системот „Хоук“, изјави холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс.
„Она што и треба на Украина е повеќеслојна воздушна одбрана“, објасни Брекелманс. рп/
Фото: МИА архива