• петок, 22 ноември 2024

Холандија се соочува со трет бран на епидемијата пред парламентарните избори

Холандија се соочува со трет бран на епидемијата пред парламентарните избори
Амстердам, 13 март 2021 (МИА) – Новите случаи на коронавирус во Холандија го достигнаа највисокото ниво од средината на јануари – во последните 24 часа регистрирани се 6.396 новозаразени, соопшти Националниот институт за здравство. По неколку недели стабилизирање на бројот на нови инфекции, сега се очекува трет бран на епидемијата поради ширењето нови мутации на вирусот. Холандија се подготвува за парламентарните избори следната недела, што ќе траат три дена, од понеделник до среда, поради рестриктивните анти-ковид мерки. Во некои општини ќе има избирачки места каде што ќе може да се гласа без да се излезе од автомобил, а во Амстердам ќе има дел каде што ќе можат да гласаат велосипедисти. Околу 2,4 милиони гласачи постари од 70 години имаат право да гласаат по пошта. Холандија е во карантин од средината на јануари. Забрането е собирање на повеќе од две лица, затворени се ресторани и барови, воведени се вечерни полициски часови, но за оваа мерка ќе се направи исклучок за време на изборите. јт/

Остани поврзан